Докторот Илир Алкја, кој непосредно е ангажиран во лекувањето на заразени со Ковид-19 побара под итно да се преземат потребните активности за обезбедување болнички кревети, бидејќи поради преполнетите болнички капацитети болните добиваат услуга во амблантни возила.
Во писмото до Комитетот на експерти за справување со пандемијата, тој тврди дека се чека некој да почине или да оздрави за да се смести друг пациент во критична состојба, кој чека пред болниците во возила на брза помош.
– Како лекар од прва линија во борбата со опасниот вирус, ова е моја молба до вас, а ја пишувам во возило за брза помош, чекајќи пред една од ковид болниците во Тирана за да хоспитализирам пациент во критична состојба. Нема празен кревет, а јас и мојот тим ја минуваме ноќта пред болница менувајќи боци со кислород, со цел да го одржиме пациентот жив. Во дворот на болницата има уште неколку амбулантни возила, со пациенти од Тирана, но и од други области, и чекаат со надеж дека некој кој е излекуван или починал да ја напушти болницата за да се хоспитализира пациент, наведува доктор Алкја.
За разлика до докторот, претседателката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата и актуелен заменик министер за здравство, Мира Ракацоли вчера гостувајќи во телевизиска емисија трвдеше дека во трите ковид болници во Тирана има 550 легла, што целосно не се пополнети.
Спротивно на тоа, Ора њуз телевизија објави снимки од пред Инфективната клиника, кои се совпаѓаат со тврдењето на докторот Алкја.
– Вака се разбуди денеска Инфективната клиника. Во осум амбулантни возила на ковид пациенти им се пружа здравствена услуга во дворот на Клиниката, бидејќи нема празни кревети во ниту една од трите ковид болници, наведува телевизијата.
Според вчерашната официјална статистика на Министертво за здравство и социјална заштита хоспитализирани се 352 пацента, од нив девет на интензивна терапија, додека четворица интубрани.