Албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама ја честитаа победата на Џо Бајден за претседател на САД, како и на потпреседателката Камала Харис.
Мета на Твитер напиша дека на „зајакнувањето на врските меѓу албанското и американското знаме треба да се гледа како приоритет”.
– Честитки за Џо Бајден и Камала Харис за нивната победа на изборите во САД 2020 година. Приоритет е соработката со новоизбраниот претседател Бајден за зајакнување на албанските врски со САД и нашето стратешко партнерство, напиша Мета.
Премиерот Рама истакна дека било привилегија да се работи со претседателот Трамп и неговата администрација, додека победата на Бајден е спектакуларна.
– Беше привилегија и задоволство соработката со претседателот Трамп и неговата администрација и честитајќи му на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден за неговата спектакуларна победа, среќен сум да ја продолжам соработката за зајакнување на нашето стратешко партнерство со САД, напиша Рама.
Изборот на Џо Бајден за претседател на САД, му го честитаа и лидерот на опозициската демократска партија, Љуљзим Баша, како и други претстваници од албанскиот политички живот.