Санкционирани 268 возачи во Скопје

Санкционирани се 268 возачи во Скопје при засилените акциски контроли во сообраќајот што ги спроведе вчера Министерството за внатрешни работи.

Од изречените 268 мерки 36 се за возење без возачка дозвола, 28 за нерегистрирани возила, 16 за возење под дејство на алкохол, 12 за незастанување на затворен семафор (црвено светло), 21 за некористење на сигурносен појас, а изречени се и 54 мерки за непрописно паркирани возила, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави