Се стега обрачот околу терористите по нападот во Виена

Двајца мажи беа уапсени пред неколку дена во Цирих поради можна поврзаност со терористот кој уби неколку лица во главниот град на Австрија на 2 ноември. Тие го посетиле напаѓачот во јули во Виена и не е исклучено терористот да бил во Цирих, објави Ројтерс повикувајќи се на швајцарските медиуми.

Весникот НЗЗ известува дека станува збор за двајца мажи на возраст од 18 и 24 години, кои патувале во Виена помеѓу 16 и 20 јули, за да се сретнат со напаѓачот на непозната локација.

„Сè уште не е познато дали тие само го посетувале убиецот или дали биле поврзани и со терористичкиот акт. Сигурно е дека тие биле пријатели”, наведува весникот.

Атентаторот од Виена имал контакти и со исламистичката сцена во Германија. Албанецот со потекло од С.Макеонија, а роден во Австрија, Кујтим Фејзулаи, во терористички напад уби четири и рани повеќе од 20 лица во Виена.

Треба да знаете
Последни објави