Гробарот Филипче денес закопа уште 26 невини граѓани. Кога Македонија се соочува вртоглави бројки на новозаразени и починати од КОВИД-19, Заев и Филипче планираат избори во Штип и Пласница. Заев и Филипче свесно граѓаните ги туркаат бездна за да добијат уште една функција, се наведува во соопштението.
„Филипче не направи ништо за да го смени пристапот и да спаси живот повеќе. А како би направил нешто за граѓаните, кога е зафатен со правење пародични видеа, кои само нему му се смешни?! Свесното втурнување во опасност и загрозувањето на животите на граѓаните не е политика што ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува. Зоран Заев и Венко Филипче единствено докажаа дека нивната фотелја е и над здравјето на граѓаните“, истакнуваат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ