Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Анхел ди Марија изрази желба да ја заврши својата европска кариера во парискиот клуб.
- Сакам да ја завршам кариерата во Европа овде, во Париз, но сè не зависи само од мене. Среќен сум со мојата сегашна форма. Чувствувам дека сите во ПСЖ ме почитуваат, па затоа се обидувам да играм максимално посветено. Секогаш се трудам да бидам во најдобро издание, изјави Ди Марија.
Тој е во ПСЖ од 2015 година. Во сезоната 2020/21, 32-годишниот Аргентинец има четири голови и три асистенции на осум натпревари.