Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево вчера ги лишиле од слобода Д.А. (18) и 13-годишен малолетник, двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела кражба и обид за одземање на моторно возило, извршени на автоплац на булевар „Трета македонска бригада” во Скопје, сопственост на Г.А. (40) од Скопје, информираат од прес службата на МВР.
– Пријавените од автоплацот одзеле клучеви за стартување на пет патнички возила и се обиделе да украдат уште три патнички возила. Одземените предмети се пронајдени кај лицата. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.