Состојбата во здравството е катастрофално лоша. Голем дел од јавните здравствени институции работат без основните средства неопходни за нормално пружење на здравствена заштита на пациентите, а здравствената грижа во услови на пандемија е повеќе од потребна. Сите ние сме сведоци дека болнички капацитети се преполни и дека голем број од граѓаните за жал немаат пристап до здравствена заштита поради ограничените капацитети на здравствените организации. Од друга страна коронавирусот секојдневно зема загрижувачки број животи. Денес, повеќе од било кога инвестициите во здравството се потребни. Поради тоа бараме и инститираме локалната самоуправа, односно градот Скопје и сите други поголеми градови и општини, средствата кои во буџетот ги намениле за новогодишно украсување да ги пренаменат и да ги инвестираат во опрема за јавните здравствени установи. Трошење на средства за новогодишни декорации во услови на пандемија и здравствена криза е непотребно.
Анализите покажуваат дека секојдневно губиме млади животи како резултат на несоодветна здравствена грижа и недоволно опрема во јавните здравствени установи. Бараме итно локалната самоуправа да ги стопира сите постапки за јавна набавка и средствата веднаш да бидат пренаменети за здравството.
Градот Скопје располага со значителен износ на средства наменети за новогодишно украсување и прослава на новогодишната ноќ, говорат анализите на Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП). Со тие средства сможе да се набават околу 20 болнички возила кои решаваат сериозен и значаен проблем во здравството.
Потребна е итна акција и делување веднаш. Ги повикуваме членовите на локалните општински совети на првата наредна седница да го постават ова прашање како тема за одлучување и уште веднаш да донесат одлука за пренамена на овие средства. Така ќе покажат сериозна грижа за здравјето на граѓаните во општините кои ги водат.
Воедно, го повикуваме Владата на Република Северна Македонија, надлежното Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии да ги преземат сите законски можности со цел спречување на непотребно трошење на средства. Особено во услови на здравствена криза и сериозна финансиска криза која и се заканува на нашата земја.
Состојбата во здравството е алараманта и истовремено ги повикуваме сите приватни компании средствата за новогодишна репрезентација да ги пременат за донации во здравството.
Напоменуваме дека станува збор за инвестиции кои се повеќе од потребни и кои се директно поврзани со здравјето и животот на граѓаните. Сите државни институции и организации, вклучително и организациите на локалната самоуправа имаат обврска да се грижат за здравјето на граѓаните. Здравјето на населението е најважно и тука не треба да има никакви.