Наумоски: Инвестираме во детската заштита, градиме нова детска градинка во Волково со капацитет од 175 места

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски продолжува со реализација на капиталните инвестиции.

Го остваруваме ветувањето пред граѓаните, овде во населеното место Волково, градиме детска градинка, најмодерен објект за згрижување на нашите најмали жители.

Со капацитет за сместување на 175 деца, оваа градинка ќе биде првата новоизградена градинка по цели 14 години на територијата на Општина Ѓорче Петров. Со пари од општинскиот буџет и со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, Волково наскоро добива нова градинка со што решаваме деценски проблем на жителите од овој дел од општината.

Како одговорна партија, продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните на Ѓорче Петров.

Покрај изградбата на оваа, се реконструираат и доградуваат и останатите градинки во општината со што се зголемува опфатот на деца и се унапредува системот на детска заштита во Ѓорче Петров. Остануваме посветени на реализирање на зацртаните проекти.

Грижата за сите во Ѓорче Петров продолжува уште повеќе и уште подобро.

Треба да знаете
Последни објави