Во САД е регистриран рекорден број на нови случаи на Ковид-19, откако вчера се впишани над 126.000 новозаразени, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Во исто време починале повеќе од 1.000 луѓе.
Ова е четврти ден по ред како бројот на нови случаи во САД надминува 100.000 дневно.
Од почетокот на пандемијата вкупно се заразиле повеќе од 9,8 милиони Американци, а повеќе од 237.000 починале.