Претседтаелот на Иран, Хасан Рохани, по повод победата на Џо Бајден на американските претседателски избори,истакна дека „штетната политика на Трамп наишла на ѕид кај американскиот народ”.
Тој наведе дека идната американска администрација треба да ги „компензира сите грешки што ги направи Доналд Трамп”.
– Следната администрациа навистина треба да ја искористи можноста да надомести за претходните грешки. Иран сака конструктивен дијалог и односи со целиот свет, посочи Рохани.