Кога сите држави во целиот свет се обединуваат за подобро справување со здравствената криза предизвикана од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ на чело со неспособниот Мицкоски тера морбидна партиско-политичка кампања на тема ковид и бара оставки.
Единствен којшто треба да си даде оставка е губитникот Христијан Мицкоски од позицијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од почетокот на пандемијата со коронавирусот се карактеризира со неконструктивност, опструкции и лажни вести.
Исто како на почетокот на кризата, кога Мицкоски зборуваше дека нема доволно тестови за коронавирусот и предизвикуваше страв и паника кај граѓаните, така продолжува да лаже и денеска.
Сите пациенти кои преку матичен лекар се упатени за тестирање за ковид-19 во јавното здравство се ослободени од плаќање партиципација за дијагностика и лекување.
Тестови за коронавирусот има доволно и дополнително се зголемуваат капацитетите.
Со ребалансот на буџетот се обезбедени 243 милиони денари, кои ќе се распределат за набавка на тестови и вакцини за ковид 19, и за лекот Ремдесивир, како и за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот.
ВМРО-ДПМНЕ за 11 години не направи ништо за здравствените работници, Владата предводена од СДСМ го врати нивното достоинство, а платите во јавното здравство се зголемени како никогаш досега.
Со кој образ, без срам ВМРО-ДПМНЕ зборува за грижа за здравствени работници за грижа за граѓаните?
Состојбата со пандемијата со коронавирусот во земјава е крајно сериозна, затоа ги повикуваме граѓаните доследно да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита на здравјето и да не наседнуваат на лажните вести пласирани од белиот дворец.