Владата разреши и именува директори на неколку институции

Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија” во државна сопственост–Скопје за член на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија” во државна сопственост–Скопје да го избере Јани Макрадули.

Од владината прес-служба информираа дека Владата, ја именуваше Јасна Дуковска-Јегени за член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија.

– Дениз Исмаили го разреши од должноста в.д. директор на Управата за наменско производство, Емил Димитровски го именува за в.д. директор на Управата за наменско производство, Митко Крстевски го разреши од должноста директор на Управата за семе и саден материјал, Лутфи Акики го именуваше за директор на Управата за семе и саден материјал, соопшти владината прес-служба.

Владата, на денешната седница ја прифатила оставката на негово барање на Бајрам Ѓулиовски и го разрешила од должноста в.д. заменик на директорот во Агенцијата за стоковни резерви и на негово место како вршител на должноста ја именувала Кети Смилевска.

– Владата донесе Одлука за давање на претходна согласност на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, да го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на негово барање, посочија од владината прес-служба.

Владата ја прифатила и оставката на Александар Младеновски и го разрешила од должноста директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, на негово барање и го разрешила Никола Шалваринов од должноста директор на Агенцијата за иселеништво.

– На денешната седница беа донесени и одлуки за именување на Слободан Близнаковски за директор на Агенцијата за иселеништво и Иљми Селами за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за статистика, информираа од владината прес-служба.

На предлог на Министерството за култура, Владата донела Решение за именување на претседател и членови на Националниот совет за културното наследство.

Треба да знаете
Последни објави