Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, во присуство на министрите за здравство, одржаа координативен состанок, по што потпишаа Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на кризата со ковид-19.
Трите земји заедно ќе работат за обезбедување на вакцината за ковид-19 и ќе си помагаат доколку во некоја земја дојде до преоптоварување на здравствениот систем. Со меморандумот се предвидува и патување меѓу Македонија, Албанија и Србија без ПЦР тестови, како и бесплатно лекување доколку граѓани додека престојува во една од земјите, се разболат.
Заев рече дека македонските граѓани нема да плаќаат од свој џеб доколку бидат хоспитализирани во овие две соседни земји.
– Македонски граѓанин ако треба да се лекува во една од овие две соседни земји во која е хоспитализиран,таа земја ги превзема трошоците. Доколку наш граѓанин треба да се лекува во Албанија или Србија, нема да треба да плаќа од својот џеб. Исто и граѓаните од Срнија и Албанија нема да плаќаат од свој џеб доколку се затекнат со лекување на нашата територија, рече Заев.
Тој додаде дека утре во рамките на Берлинскиот процес очекува позитивна поддршшка од ЕУ во прогресот на овие три земји во евроинтеграциите, односно почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија.
– Утре Берлинскиот смаит ќе ја испрати пораката на почеток на преговорите, односно отворањето на првите поглавја и првите меѓувладини конференции, порача Заев.
Србија и Албанија денеска потпишаа договор меѓу двете земји да се патува само со лична карта. Македонија веќе има договор во Србија и Албанија со кој македонските државјани во овие земји можат да патуваат само со лична карта.