Кајли Миног објавува нов албум инспириран од диско звуците

Кајли Миног е во вечно движење.

Поп-sвездата го менуваше својот имиџ и звукот десетици пати во последните четири децении.

Уште од нејзиното прво појавување во австралиската ТВ-сапуница The Sullivans на 10-годишна возраст, таа еволуираше од актерка во поп-sвезда до модна икона, автор на книги за деца, судија во талент шоу, па дури и успешен дизајнер на мебел.

Нејзината кариера ја дефинира љубопитен немир. Дури и во музиката, областа каде што е најпозната, ѕвездата има избалансирани мега-поп хитови како Better The Devil You Know и Can’t Get You Out of My Head, и неколку експериментални песни.

Новиот албум на Кајли, инспириран од диско звуците, ќе биде објавен неделава. Нејзиниот 15-ти студиски албум е насловен Disco.

Говорејќи од нејзиниот дом во Лондон, два дена пред објавувањето на новиот албум, Кајли зборува и за напуштената кариера како флејтист, и за тоа која Кајли-ера ѝ е омилена.

„Претпоставувам дека епохата што навистина се чинеше дека е галактична на свој начин беше таканареченена Фивер ера Can’t Get You Out Of My HeadLove At First Sight. 

„Тоа беше еден од оние моменти кога планетите се здружуваат и сè функционира добро – песните, сликите, моментумот. Затоа, ова би го нарекла мој омилен период.“

Треба да знаете
Последни објави