Мо Фарах зема пауза за да учествува во ријалити шоу

Британскиот атлетичар Мо Фарах ќе направи привремена пауза за да може да биде дел од новото британско реално шоу „Јас сум ѕвезда … тргни ме од тука!”, иако има намера да учествува на Олимписките игри во Токио летото 2021 година, јави денеска телевизијата Ај-Ти-Ви која ја пренесува емисијата.

Четирикратниот олимписки победник се согласи да се бори со уште девет познати личности за награда од 300.000 фунти (330.000 евра).

Еден од ривалите на Фарах во шоуто ќе биде добитник на златен медал во фрлање копје на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, Холи Арнолд.

Шоуто на Ај-Ти-Ви, што ќе почне да се емитува на 15 ноември, се снима во замокот Гврих во Велс, наместо во австралиска џунгла, како и обично, поради ограничувањата поради пандемијата на кронавирусот.

Фарах (37), кој ќе се обиде да освои златен медал на 10.000 метри во Токио следната година, рече дека се пријавил на шоуто затоа што сака да и го покаже на британската јавност своето друго лице.

Треба да знаете
Последни објави