Бомбаш самоубиец во Авганистан уби најмалку четири лица и рани 40 во напад врз полициска база во јужната провинција Кандахар, соопштија денеска локалните власти.
Болничари сè уште ги пребаруваат урнатините на домовите уништени од експлозијата по синоќешниот напад во провинцијата Мејванд, јавија локалните медиуми.
Меѓу ранетите има војници и цивили.
Досега ниту една група не презеде одговорност за нападот, додека властите изразија сомневање дека се работи за талибанци.
Кандахар е упориште на екстремистите од инвазијата предводена од САД во 2001 година, извршена по нападите на 11 септември.