Приврзаниците на Трамп на масовни протести ќе носат некролози од луѓе кои „гласале”

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да организира масовни протести низ земјата на кои ќе се буни против кражба на изборните резултати, а на овие демонстрации планирано е да се прикажат некролози на луѓе кои наводно „гласале” на изборите,  јави „Дејли мејл”.

Интернет страницата axios.com синоќа јави дека изборниот штаб на Доналд Трамп мобилизира „војници” и се подготвува за „војна”.

-Ние сакаме да се осигураме дека имаме доволно луѓе за борба гради в гради, изјави еден од советниците во изборниот штаб на Трамп.

Екипи на Трамп веќе се испратени во Пенсилванија, Аризона, Џорџија, а постизборната кампања треба да биде организирана како „медиумска операција”.

Интернет страницата наведува и дека Трамп собрал досега најголем тим во историјата на изборите, со невиден број адвокати подготвени да ги поништат изборните резултати.

Треба да знаете
Последни објави