Вкупниот број на хоспитализирани пациенти на Инфективното одделение и одделението за физикална медицина при велешката Општа болница изнесува 64. Одделението за физикална медицина кое е засебен објект од велешката Општа болница е преадаптирано и почна да прима пациенти со Ковид -19 од изминатиот викенд и таму веќе се сместени десет пациенти.
Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, од вкупно 64 пациенти на двете одделенија, осум од нив се сомнителни и 56 потврдени позитивни.
Таа информира дека расте и бројот на пациенти на кислородна подршка. Така вчера беа 18, а денеска на кислородна поддршка се 20 пациенти, што е најмногу досега.
Инаку на Интерно одделение при велешката Општа болница сместени се четворица пациенти сомнителни на Ковид, кои чекаат резултати од направен тест