Присуството на канцерогени ПМ10 честички во воздухот во Аеродром е три пати над дозволеното, ова го покажува мерната станица во Лисиче. Скопје и вечерва се гуши.
Токму од Аеродром Шилегов стоеше зад Заев додека тој викаше ајро ајро, чисѕ воздух за Аеродром веднаш по изборите. Поминаа изборите, па уште едни, па втори, па трети, но чист воздух во Аеродром уште нема.
Не поминува ниту еден ПР трик, ниту штелувани протести на кои Шилегов ќе излезе да протестира за чист воздух, не поминува ништо. Три години ги преспа и ништо не направи. Скопјани гледаат дека со Шилегов нема да имаат почист воздух.
Наместо почист воздух имаме воздух позагаден од кога било. А уште не е почната зимата. Што треба да очекуваат скопјани од декември до март?! И кој ќе сноси одговорност за стотиците хронично болни кои ќе се соочат со евентуални здравствени проблеми?! Шилегов повторно ќе бара изговори.
На скопјани им е преку глава веќе од празните флоскули и неработата на Шилегов. Неговата неработа сите ние ја плаќаме со нашето здравје. Одговорност веднаш!