Хрватот Ѓикиќ со предупредување до Пленковиќ: Најтешко ќе биде од декември до март!

Светски познатиот молекуларен биолог проф. Д-р Иван Ѓикиќ, Хрват кој работи во Германија, предвидува дека најтешкото време на пандемијата ќе биде од декември 2020 до март 2021 година.

Ако вакцината дојде во почетокот на 2021 година, тоа би значело дека ситуацијата би можела да биде под контрола кон крајот на идната година, предвидува овој научник, во писмото упатено до хрватскиот премиер Пленковиќ.

Во ова писмо Ѓикиќ критикува некои членови на хрватскиот кризен штаб и се залага за пласирање на точни научни податоци, како и за строга контрола, за да се избегне локдаун и полициски час, кои ќе бидат неминовни ако епидемиолошката ситуација во Хрватска се развива како сега.

Треба да знаете
Последни објави