БиХ ќе ги заострува мерките против коронавирусот

Властите во БиХ, каде во еден ден се регистрирани дури 52 смртни случаја, но и поради лошата епидемиолошка ситуација, најавуваат нови рестриктивни мерки против Ковид-19.

Локалните медиуми објавија дека Кризниот штаб на БиХ утре ќе ги заостри мерките против коронавирусот, кои директно ќе се однесуваат на граѓаните.

Мерките ќе се однесуваат на ограничување на движењето и собирање на граѓаните на отворен и затворен простор.

Засега не се познати деталите, но извесно е дека заострените мерки ќе се одразат врз животот на граѓените, со цел да се намали ширењето на заразата со коронавирус.

Моментно во БиХ е во сила ограничено собирање на максимум 50 луѓе на отворено и 30 во затворен простор.

На територијата на цела земја задолжително е носење на заштитни маски и на отворен и во затворен простор.

Треба да знаете
Последни објави