Божиновски отпадна од репрезентацијата на задолжителниот корона-тест

Голманот на кратовски фудбалски прволигаш Силекс, Даниел Божиновски кој беше повикан во репрезентацијата на Македонија за историскиот натпреавр со грузија в четврток во Тбилиси како четврти чувар на мрежата не го мина корона-тестот. По пристигнувањето во Скопје откако го дработи првенствениот натпревар за Силекс против Македонија Ѓ.П, Божиновски го направил задолжителниот тест и неговиот резултат бил позитивен поради што отпаѓа од репрезентативната конкуренцијата. Божиновски немал контакти со останатите играчи од репрезентацијата.

-За жал, позитивен сум на коронавирус и ќе мора да поминам одреден период во карантин. Немам симптоми, но принуден сум да бидам изолиран од соиграчите во следниот период. На репрезентативните колеги им посакувам многу среќа и успех да избориме историски пласман на завршница од Европско првенство. Јас ќе бидам еден од најголемите поддржувачи, изјави  Божиновски.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме засега нема да повика друг голман за историскиот дуел со Грузија. Тоа би можел дополнително да го направи за преостанатите два меча во ноемврискиот репрезентативен терми кога ќе се играат дуелите од новото издание на Лигата на нации со Естонија на 15 ноември и три дена подоцна со Ерменија, бидејќи првиот чувар на мрежата Столе Димитриевски поради црвен картон нема да може да конкурира за место во тимот.

Треба да знаете
Последни објави