Швеѓаните го игнорираа својот прв карантин заради коронавирусот досега, воведен поради рекордниот број на инфекции со Ковид-19.
Луѓето продолжуваат да го користат јавниот превоз масовно и да организираат забави и покрај владините упатства.
Шведска објави построги препораки за своите три најголеми градови откако во земјата се зголеми бројот на заразени со коронавирус за две недели без „локдаун“.
Четири шведски региони, вклучително и градовите Стокхолм, Гетеборг и Малме, се вклучени во ограничувањата.
Новите упатства, вклучуваат држење настрана од несуштински продавници и избегнување јавен превоз, спортски сали и музеи.
Регионалниот лекар за заразни болести во Упсала, Јохан Нојд, го припиша рекордниот број на инфекции на луѓе кои не ги следеле двете главни препораки на владата – избегнување на непотребен јавен превоз и избегнување физички контакт со луѓе надвор од нивното семејство.
„ Можеби повеќе од 50 проценти многу внимателно го слушаат советите, можеби дури 80 проценти, но тогаш ги имаме овие 20 до 40 проценти кои воопшто не слушаат“, рече тој.
Група научници и здравствени експерти, кои сметаат дека државата не прави доволно за спречување на вирусот, преку носење соодветни закони за ограничување на движењето на луѓето, бараат од државата да воведе законски мерки, бидејќи како ѓто велат болниците се полнат и во наредните две недели би можеле да се соочат со целосен коолапс на здравстениот систем.
Во градот Малме за прв пат училиштата беа затворени за родители, а библиотеките го ограничија позајмувањето книги. Во меѓувреме, во Скане, регион околу Малме, бројот на случаи на „Ковид-19“ продолжува да расте.
Случаите во регионот достигнаа седумдневен просек од 374 во четвртокот.
Фредрик Сунд, кој раководи со клиниката за инфективни болести во Упсала, повика на национална блокада за запирање на нови случаи.
„ Ние мора да воведеме построги ограничувања зад кои ќе стои закон, бидејќи сега видовме дека овие препораки се премногу слаби“.
„ Сега имаме можност да направиме нешто во врска со тоа. За неколку недели, нема да има ефект“ нагласи тој.
Шведска, која избегнуваше да биде заклучена за време на пандемијата, во петокот регистрираше 4.697 нови случаи на коронавирус, што е најголем број од почетокот на пандемијата, според статистиката на здравствената агенција.
Здравствената агенција соопшти дека врвот во текот на пролетта веројатно бил многу пати поголем, но дека тогаш имало помалку тестирања.
Шведска регистрираше 20 нови смртни случаи од Ковид-19 во петокот, за вкупно 6.022 смртни случаи.
Стапката на смртност на Шведска по глава на жител е неколку пати поголема од нејзините нордиски соседи, но пониска од некои поголеми европски земји, како што се Шпанија и Велика Британија.