Кралицата на злочинот Агата Кристи оди во Боливуд

Се случува убиство во магловито одморалиште на еден рид на Хималаите. А еден пар речиси не сакајќи започнува да истражува злочин. Приказната се базира на дело на Агата Кристи, иконата на крими-романите.

Ова е сè што индискиот режисер Вишал Бардвај е подготвен да открие за неговиот претстоен филм, базиран на роман на „кралицата на злочинот“ Кристи.

Ова е прв пат „Агата Кристи Лимитид“, кој се грижи за имотот на авторката, да ги франшизира своите приказни на индиски режисер.

“Направивме многу адаптации низ целиот свет и секоја земја внесува свој вкус на делото. Не се сомневам дека и ова ќе биде така”, изјави Џејмс Причард, правнук на Кристи и извршен директор на имотот.

Агата Кристи е најпродаван автор на романи во историјата.

Кристи е забележана во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван и најпреведуван автор на сите времиња. Нејзините дела се продадени во повеќе од 2 милијарди примероци ширум светот и се преведени на повеќе од 50 јазици.

Треба да знаете
Последни објави