Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал денеска до надлежното скопско Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.С. (24) и А.Б. (18) и двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство” предвидено и казниво по член 386 од КЗ и известување во врска со настани случени на 13.09.2020 година и 19.09.2020 година кога повеќе лица извршиле кривично дело „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост” согласно член 319 од КЗ, информираат од МВР.
– Кривичната пријава е поднесена за настан случен на ден 20.09.2020 година околу 00:15 часот кога А. Р. (припадник на навивачка група) додека бил со други лица во Градски парк бил нападнат од О.С. и А.Б. (припадници на навивачка група), а првопријавениот О.С. го нападнал со нож. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, а сторителите се приведени, појаснуват од МВР.
Истовремено од МВР, посочуват дека известувањето до ОЈО е поднесено во врска со настан случен на 13.09.2020 околу 14:50 часот, поточно непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија на Национална арена Тодор Проевски во Скопје, каде навивачи движејќи се кон стадионот извикувале навредувачки пораки со кои предизвикале национална омраза и нетрпеливост, како и настан случен на 19.09.2020 околу 15:00 часот непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу Ф.К. Македонија Ѓорче Петров и Ф.К. Вардар, на булевар Ѓорче Петров во Скопје.