К-поп бендот „БТС“ доминира на европските музички награди

Јужнокорејскиот бој-бенд „БТС“ освои четири „Ем-ти-ви Јуроп“ награди (MTV Europe Music Awards) во неделата, вклучително и најдобра песна за „Динамит“ и најдобра група, завршувајќи ја годината во која корејската поп-сензацијата го истакна својот статус во глобални рамки.

Нивната прва песна на англиски јазик, „Динамит“, во Америка забележа приближно 34 милиони стриминзи и 300.000 продажби во првата недела, со што БТС стана првиот јужнокорејски бенд што дебитираше на бр. 1 на табелата на американски синглови „Билборд хот 100“.

Седумчлениот бенд ги освои и наградите на МТВ за најдобар виртуелен нстап во живо и најголем број фанови иако пандемијата на коронавирусот направи да нема публика и да нема нема традиционална  церемонија за одбележување на нивното достигнување.

Треба да знаете
Последни објави