Македонските кошаркарки во Рига ги очекуваат квалифиакциските дуели со Хрватска и Германија

Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација од Охрид каде ги одработи подготвиките, преку Софија замина за Рига. Во главниот град на Летонија македонските кошаркари ќе одиграат два квалификациски натпреаври од групата И за пласман на ЕП 2021 година.
За натпреавритр со Хрватска и Германија, селекторот Владимир Ѓоровиќ одбра единаесет кошаркарки. На десетте кошаркарки кои ги одработија седумдневните подготовки во Охрид, непосредно пред заминувањето им се приклучи и капитенот Анџелика Митрашиновиќ.
Првиот меч македонските кошаркарки ќе го играат против Хрватска, в четврток (12 ноември) со почеток од 15:30 часот, а во истиот термин в сабота (14 ноември) е закажан дуелот против Германија.

 

Треба да знаете
Последни објави