По долго и тешко боледување вчера, на 8 ноември 2020 година, почина македонската поетеса Марија Станкова.
Станкова е родена на 11 март 1942 година во Вељуса, Струмичко. Член е на ДПМ од 2003 година. Ги има објавено стихозбирките: „Патувањето продолжува” (1980), „Метафизика на малите нешта” (1992), „Песни за смртта, песни за животот” (1995), „Чемерно небо” (1995), „Тие и ние” (1997).
Според Друштвото на писатели на Македонија, стиховите на Станкова спаѓаат меѓу најсуптилните лирски проблесоци на македонската лирика напишана од жени-писателки.