Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да организира масовни протести низ земјата на кои ќе се буни против кражба на изборните резултати, а на овие демонстрации планирано е да се прикажат некролози на луѓе кои наводно „гласале” на изборите, јави „Дејли мејл”.
Интернет страницата axios.com синоќа јави дека изборниот штаб на Доналд Трамп мобилизира „војници” и се подготвува за „војна”.
-Ние сакаме да се осигураме дека имаме доволно луѓе за борба гради в гради, изјави еден од советниците во изборниот штаб на Трамп.
Екипи на Трамп веќе се испратени во Пенсилванија, Аризона, Џорџија, а постизборната кампања треба да биде организирана како „медиумска операција”.
Интернет страницата наведува и дека Трамп собрал досега најголем тим во историјата на изборите, со невиден број адвокати подготвени да ги поништат изборните резултати.