Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД се регистрирани над 10 милиони потврдени случаи на заразени со коронавирус.
САД евидентираат по над 100.000 нови случаи на коронавирус секој ден од средата, кога првпат го поминаа прагот, според Проектот за следење на Ковид-19.
Хоспитализациите поради новиот коронавирус се зголемија за 10.000 од 30 октомври, а седумдневниот просек на смртни случаи од вирусот пријавен од сојузните држави се зголеми за 36 отсто во последните три недели.