Фудбалските репрезентации на Македонија и Грузија на 12 ноември во Тбилиси по третпат во последниве три месеци ќе ги одмерат силите, откако во првите две пресмети од 2. група во сегментот Ц од новото издание на Лига нации ремизираа со идентични резултати 1:1. Пред овие две слекции е најважниот натпреавр, чиј влог е пласман на завршницата од ЕП-2020 кое ќе се игра идното лето. Во трета среќа веруваат и Македонија и Грузија.
Двете слекции се максимално мотивирани пред историскиот натпревар в четврток (18 ч.) во Тбилиси кој ќе се одигра пред празни трибини поради пандемија предизивикана од коронавирусот кој им создава и проблеми со обезбедување на најдобрите играчи.
Грузија е цврсто решена да ја искористи предноста на домашниот терн во финалниот меч од првото издание на Лигата на нации на „Динамо арена“.
-Три децении го чекаме овој момент, нема некој кој не верувам дека ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до посакуваната цел. Ова е натпревар за историја, важен за двата тима и сигурно ќе има тактизирање. Верувам дека Македонија ќе игра преку контранапади очекувајќи наша грешка, но ние сме подготвени со сите сили да се избориме за настап на Европско првенство – вели поранешниот грузискиот репрерзентативец Георги Деметрадзе кој во својата интеранционална кариера има настапувана меѓу другите и за тимовите на Динамо Киев, Сосиедад, Феенорд …
И Македонија три децении чека ваква меч-топка. Избраниците на македонскиот слектор Игор Ангеловски – Мрме се во добра резултаска серија, и убедени се дека ќе ја крунисаат со триумф на најважниот меч во кариерата на оваа генерација играчи предводена од ветаранот Горан Пандев, кој посакува да стави крај на активното играње токму со настап на ЕП. Собирот за македонските репрезентативци за овој историски натпреавр е закажан за денеска.