Управата на фудбалскиот клуб Фиорентина денеска го разреши тренерот Џузепе Јакини, јави Скај Италија.Според италијанските медиуми, се очекува Чезаре Прандели да се врати во клубот како привремен тренер, а Фиорентина да назначи нов тренер на крајот од сезоната.
Меѓу најсериозните кандидати за нов тренер на „виолетовите” се Маурисио Сари и Лучијано Спалети.
По седум кола во Серија А, Фиорентина е на 12. место на табелата со осум бода – две победи, две нерешени средби и три порази.