Вечерва Иван Јорданов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ гостуваше во емисија на „ТВ Стар“ кој што посочи дека зар во време кога фамилиите се завиваат во црнина, кога се заболуваат илјадници граѓаните, според СДСМ избори треба да се одржат.
„Знаете во Штип во изминатите три ипол години имавме најнеуспешен градоначалник, кој што ветуваше се и сешто, мегаломански проекти кои што граѓаните најдобро ги знаат, и од нив ништо не успеа да реализира. Затоа што знаејќи ја состојбата со која што се наоѓаат, знаејќи дека граѓаните на Штип и нивните сами поддржувачи веќе не им веруваа во тоа што го практикуваат, тие одлучија во еден ваков момент кога буквално кажано никој од нас не знае што ќе се случува во државата, во светот со здравствената криза и со економијата одлучија во Штип да има избори на трошок на граѓаните“, истакна Јорданов.
Јорданов додаде дека треба да се размислува во Кривичен законик да се воведе дело – измама/ изборна измама затоа што не е прв пат во Македонија да се случува пред избори да се ветува се и сешто, а кога ќе дојде на власта СДСМ ништо не исполнува. Предложениот кандидат на СДСМ за градоначалник во Штип излегува со истата програма на Бочварски, а истиот ниту еднаш во Советот се нема појавено.
„Во претходниот месец дена комунициравме доста често за изборите, ги согледувавме сите околности, моја лична желба е секогаш кога има услови за едни фер демократски избори да се учествува на тие избори, час поскоро, ден побрзо за да се сруши оваа власт. Но што имаме ние во целиот овој изминат период? Зарем мислите дека во една состојба кога на дневна основа наши фамилии, наши сограѓани се завиваат во црно, зарем мислите дека во состојба кога илјадници наши сограѓани се заболени од оваа болест кој што никој практично не знае како ние ќе се справуваме во наредниот период со неа, ние избори треба да имаме“, нагласи Јорданов.
Јорданов посочи дека Заев и Филипче апелираат да не се излегува од дома ако нема потреба, а во исто време повикуваат на избори. Бессмислено е сето ова. Зар избори треба да има кога Македонија се соочува со економска криза, кога 40.000 граѓани се на улица, зошто пари државни да се фрлаат на непотребни избори.
Јорданов во тек на гостувањето се осврна и на секојдневните проблеми со кои што се соочуваат граѓаните на Штип. Граѓаните секој втор ден во ек на пандемија немаат вода.
„Ни стана секојдневие да се соочуваме со немање најосновни, најелементарни услови за живот. Вие замислете во 21 век, во 2020 година да секој втор ден останувате без вода во една ваква пандемија. И зошто е тоа така? Затоа што изговорот на јавното претпријатие е дека настанувале дефекти. Па тие дефекти не почнуваат од сега. Тие дефекти ги имало и во минатото. Способноста на менаџерскиот тим на јавно претпријатие е во најбрз можен рок да ги отстрани дефектите, тоа што тие не се способни граѓаните страдаат за жал. Никогаш досега во Штип граѓаните не се соочувале со ваков проблем. И замислете никој за тоа не сноси одговорност“, истакна Јорданов.
Јорданов рече дека секој ден граѓаните гледаат како власта си дели меѓу своите тендери. Тоа исто се случува и во Штип, фирмите на еден јавен функционер ги добива сите тендери во општината. Но ДКСК за жал на сето тоа молчи и не реагира.