Од здравствените работници кои работат и се на испомош на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов 11 се позитивни, а двајца се во изолација. Од 11-те позитивни, седум се медицински сестри од Клиниката, двајца се доктори, а две се медицински сестри кои се на испомош, информираат за МИА од Министерството за здравство.
На Клиниката, како што посочуваат, работат вкупно 40 медицински сестри, а 11 се на испомош. Во Модуларната болница до Инфективната клиника, пак, работат три медицински сестри, а 14 се на испомош.
Заклучно со вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во моментов има 297 активни случаи меѓу здравствени работници. Од почетокот на здравствената криза со коронавирусот вкупно позитивни на вирусот биле 527