Армијата на Азербејџан е пред Степанакерт, изјави денеска портпаролот на претседателот на самопрогласената република Нагорно Карабах, Ваграм Погосијан.
– Непријателот е на приодите кон Степанакерт. Опстанокот на главниот град е под знак прашалник. Ако сакаме Шуши повторно да биде наш и да го спасиме Карабах, треба да вложиме максимални напори и да организираме силна одбрана на Степанакерт и другите делови на земјата на линијата на фронтот, напиша Погосијан на Фејсбук.
Властите во Нагорно Карабах претходно признаа дека повеќе не го контролираат вториот по големина град Шуши.