Италијанците попуштија, нашите ѕвезди се расположени и веќе се во хотелот во кој е собрана репрезентацијата.
Наполи и Џенова сепак ги ослободија македонските фудбалери и им дозволија да допатуваат во Скопје, па така репрезентацијата на Македонија ќе ги има на располагање Елиф Елмас и Горан Пандев.
Заканите на неколку клубови во Италија дека нема да им дозволат на своите репрезентативци да одат на интернационална пауза, сепак за среќа не се остварија и нашите репрезентативци кои играат во Италија, веќе се со селекцијата.
Капитенот Пандев и Елмас кој имаше проблеми со коронавирусот пред еден месец, веќе се во Скопје, и му се ставија на располагање на селекторот Ангеловски. Со нив пристигна и Езџан Алиоски од Лидс.