Екс заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули ќе биде член на управен одбор на Македонска пошта.
Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП „Државни патишта“, потврди пред две недели премиерот Зоран Заев. Рустеми во „Државни патишта“ доаѓа на местото на Зоран Китанов од СДСМ.
Рустеми беше назначен за директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ во август 2018 година. Тој си заминува од функцијата само неколку дена по најавата за приватизација.
Премиерот Зоран Заев го најави процесот и ги задолжи сегашниот директор Рустеми, министерот за економија Крешник Бектеши и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, да подготват физибилити-студија која треба да покаже дали приватизација или јавно приватно партнерство е подобар начин за приватизација на компанијата.