Граѓаните од Бутел и Чаир предадоа 427 печки

Жителите од општините Чаир и Бутел што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери, викендов ги предаваа своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Зеф Љуш Марку“.

Во акцијата беа предадени 427 печки.

Изминатите викенди, вакви акции за предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување се организираа во општините Сарај, Шуто Оризари, Карпош, Центар, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба и Аеродром.

Треба да знаете
Последни објави