Во Грција повторно рекорден број смртни случаи од Ковид-19, почина 41 лице

Bо изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран рекорден број смртни случаи од Ковид-19, почина 41 лице, додека пак намален е бројот на новозаразени, регистрирани се 1.490 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

И денеска е дополнително зголемен бројот на пациенти приклучени на апарати, вкупно 239, односно 11 повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 58.187 случаи, а починаа вкупно 825 лица.

Треба да знаете
Последни објави