Гарсија не е повеќе тренер на Селта

Тренерот на шпанскиот фудбалски Ла-лигаш Селта, Оскар Гарсија ја напушти клупата, објави денеска на официјалната веб-страница на прволигашот од Виго.

Клубот им се заблагодари на 47-годишниот Шпанец и неговите помошници за професионалноста и посветеноста.

Гарсија ја водеше Селта од ноември 2019 година. Клубот од Виго во моментов е 17. во Ла Лига со само седум бода по девет одиграни кола.

Треба да знаете
Последни објави