Фудбалерите на Милан во натпреаврот од 7. коло на италјанската Серија А, дури во судиското продолжение избегнаа пораз од Верона (2-2). Стрелец на израмнувачкиот гол беше 39 годишниот Златан Ибрахимовиќ, кој претходно не реализира пенал и се извади во 93-та минута.
Со овој погодок Ибрахимовиќ веќе седми натпревар што го игра сезонава за Милан ја погодува противничката мрежа во Серија А, што досега на ниту еден во историјата на клубот не му успеало. Искусниот фудбалер го надмина рекордот кој му припаѓаше на Андриј Шевченко кој беше поставен во 2012 година.
Швеѓанецот серијата голови ја почна на 29. јули на мечот со Сампдорија кога беше двоен стрелец, а потоа погодуваше и против Калјари, Болоња, Интер, Рома, Удинезе и Верона. Во мечевите со Кротоне и Специја не играше поради коронавирус.