Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 271 мерки, меѓу кои 38 за возење без возачка дозвола, 32 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 4 санкционирани мотоциклисти, како и 41 мерка за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.