Кајли Миног е во вечно движење.
Поп-sвездата го менуваше својот имиџ и звукот десетици пати во последните четири децении.
Уште од нејзиното прво појавување во австралиската ТВ-сапуница The Sullivans на 10-годишна возраст, таа еволуираше од актерка во поп-sвезда до модна икона, автор на книги за деца, судија во талент шоу, па дури и успешен дизајнер на мебел.
Нејзината кариера ја дефинира љубопитен немир. Дури и во музиката, областа каде што е најпозната, ѕвездата има избалансирани мега-поп хитови како Better The Devil You Know и Can’t Get You Out of My Head, и неколку експериментални песни.
Новиот албум на Кајли, инспириран од диско звуците, ќе биде објавен неделава. Нејзиниот 15-ти студиски албум е насловен Disco.
Говорејќи од нејзиниот дом во Лондон, два дена пред објавувањето на новиот албум, Кајли зборува и за напуштената кариера како флејтист, и за тоа која Кајли-ера ѝ е омилена.
„Претпоставувам дека епохата што навистина се чинеше дека е галактична на свој начин беше таканареченена Фивер ера Can’t Get You Out Of My Head, Love At First Sight.
„Тоа беше еден од оние моменти кога планетите се здружуваат и сè функционира добро – песните, сликите, моментумот. Затоа, ова би го нарекла мој омилен период.“