Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека го поместува терминот за одигрување на 4. коло од прволигашката конкуренција. Истото наместо во предвидениот термина на 11. ноември ќе се игра три дена подоцна.
-Ве известуваме дека 4. коло од Првата лига-мажи, закажано за 11.11.2020 година се одложува поради настап на екипите на КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, настап на екипите на КК Куманово 2009 и КК ТФТ во БИБЛ лигата и излегувањето од изолацијата на екипите на КК Вардар и КК Пелистер на кој им е потребен одреден временски период за подготовка за следните натпревари. Четвртото коло се презакажува за 14.11.2020 година, а останатите првенствени кола од Првата лига-мажи се поместуваат“, стои во соопштението.