Од денес официјално го преземав вршењето на должноста Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Ќе вложам максимум енергија во промовирањето на европските вредности, напредокот на младите, како и во поквалитетни образовни капацитети.
Оваа функција за мене претставува особена чест, но и сериозна одговорност за исполнување на очекувањата согласно европските стандарди напиша Марко Ѓоргиевски на својот фејсбук профил.