Министерката Шекеринска во увид на новопробиената северна траса до „Криволак”

 Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе го посети армискиот полигон „Криволак” каде е завршено пробивањето на 33-километарската делница која овозможува приод до воениот полигон од северната страна од правецот на Штип.

На пробивањето на делницата, како што информираат од Министерството за одбрана, работел Инженерискиот баталјон на Армијата.

Изградбата на оваа делница е дел од модернизацијата и унапредување на патната инфраструктура на армискиот полигон „Криволак” со цел поголемо искористување на неговиот капацитет.

Треба да знаете
Последни објави