Повеќе од 1.600 мигранти од Африка пристигнале на Канарските Острови во текот на изминатиот викенд, соопшти шпанската служба за вонредни ситуации.
Само во саботата на островот пристигнале околу илјада мигранти со чамци, а еден од нив бил префрлен со хеликоптер в болница.
Во последните месеци е зголемен бројот на мигранти кои пристигнале на Канарските Острови, кои се оддалечени околу 100 километри од Северна Африка.