Руски војник денеска застрелал три лица на воен аеродром во близина на рускиот град Вороњеж, по што се забарикадирал, соопшти регионалната служба за итни случаи.
Војникот пукал од пушка што ја одзел од офицер, пренесе Тасс.
Се наведува дека едно од застреланите лица преживеало и дека во критична состојба било пренесено во болница.
Воениот аеродром „Балтимор” е дел од Академијата за воена авијација и повеќе од седум години се реновира.
Пистата на овој воен аеродром е дизајнирана така да може да ги прими сите видови модерни авиони, и воени и цивилни.