Валенсија оствари убедлив триумф од 4:1 на домашен терен против актуелниот шпански фудбалски првак Реал Мадрид во натпреварот од 9. коло. Три голови сите од пенал постигна играчот од средниот ред Карлос Солер.
Дваесет и тригодишниот Шпанец стана првиот играч во 21-от век кој реализирал три пенали на еден натпревар во првенството.
Валенсија во Ла Лига досега освои 11 бода и се наоѓа на деветтото место. Реал Мадрид има 16 бода и на четврта позиција.